Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

Традиционален божиќен ручек во Прилеп за над 400 деца од различни целни групи од Македонија

Под мотото „Едно небо за сите деца“ со главна порака да има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Едно небо за сите деца“ со главна порака да има меѓусебно почитување, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, но и да има љубов, еднаковост и мир помеѓу децата, во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за над 400 деца од цела Македонија. Славењето на Христовото раѓање, на овој начин, во организација на ДА „За сите деца во светот“, трае веќе 18 години, а гости се деца од ранливи категории.

„Децата му се особени мили на Бога, бидејќи и самиот тој најпрвин бил дете. И ние, како возрасни треба да учиме од нив , оти тие се најчистите и најискрените божји созданија“, порача владиката Петар кој ја благослови празничната трпеза.

„Со раѓањето на Синот Божји во темната пештера која ја осветли и освети Бог, Христос Спасителот таму каде што ангелите пееа песна „Слава на Бога во висините, а на Земјата мир и меѓу луѓето добра волја и бешесоздадено светото семејство. Ете, по тој принцип и во тој дух и Ние денеска сме тука на ова поголемо семејство од собрани дечиња“, – кажа митрополитот г. Петар.

Реклама

ЛС од Прилеп, како и секогаш досега, овој богоугоден чин го поддржа со доделување на новогодишни колетчиња за сите присутни мали гости.

„Божик е празник на љубовта и хуманоста. Треба да помогнеме сите и во овие денови организитаме и неколку хуманитарни акции се’ со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Морам да кажам дека еуфоријата не’ понесе. Ова е 18-ти Божикен ручек, традицијата профолжува и се надевам дека ќе остане наследство на нашите поколенија. Имаме гости од Струмица, Тетово, од Куманово, нашите гостинчиња од Прилеп, од Крушево, од Битола. Среќни сме што денеска на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од разни целни групи“, – посочи Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

Годинава, највисокото меѓународно признание „Ореден за носител на мирот“ и’ беше доделено на Компанијата „Прилепска Пиварница“.

Каролина Дурло