Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Трајков: Жените и младите да бидат двигатели на европскиот развој

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествува на 29. Евроазиски економски самит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, кој годинава се одржува под мотото „Глобална одговорност“ на кој учествуваат високи државни претставници, дипломати, универзитетски професори, претставници на меѓународни организации и експерти од повеќе земји.

На самитот, како што соопшти Кабинетот на заменик-министерката Трајков, се дискутираше за глобалните предизвици, мирот, демократијата, улогата на жените во општеството и економската соработка.

Во рамки на панел-сесијата „Democracy, Women and the Future of Peace“, заменик-министерката Трајков се обрати на тема поврзана со улогата на жените во процесите на носење одлуки, демократскиот развој и европските перспективи на регионот.

Реклама

-Европската иднина на регионот зависи од нашата способност да градиме демократски институции, да вложуваме во човечкиот капитал и да создадеме општество во кое младите и жените ќе имаат активна улога во носењето одлуки- истакна Трајков.

Таа нагласи дека евроинтегративниот процес не е само политичка цел, туку и суштинска реформска агенда насочена кон стабилност, економски развој и владеење на правото.

-Во време на глобални предизвици, потребни се повеќе дијалог, соработка и заедничка одговорност. Само преку партнерство и меѓусебна доверба можеме да изградиме посилна и поодржлива иднина за сите граѓани- порача заменик-министерката за европски прашања.

Учеството на самитот, како што се наведува во соопштението, претставува можност за продлабочување на меѓународната соработка, размена на искуства и афирмација на заложбите за европски вредности, дијалог и регионална стабилност.