Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Трајков: Жените се двигатели на европските перспективи за иднината на Западен Балкан

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати на меѓународната конференција во  организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women посветена на унапредување на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици во Европа, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерката.

Во своето обраќање во рамки на панел-дискусијата ,,Поврзувањето на иновациите помеѓу Западен Балкан и Европската Унија” Трајков истакна дека улогата на жените во науката, технологијата и иновациите е клучна за забрзувања на европската интеграција на регионот.

„Инвестирањето во жените во STEM областите не е само прашање на еднаквост, туку стратешка потреба за економски развој, дигитална трансформација и зголемена конкурентност на Западен Балкан во рамки на Европската Унија“, нагласи Трајков.

Реклама

Таа посочи дека  Македонија активно работи на креирање политики што ги поттикнуваат младите, особено девојките, да се вклучат во научно-истражувачките и технолошките области, како и на зајакнување на врските меѓу образованието, бизнис секторот и иновациските еко-системи.

„Европската перспектива на регионот зависи од нашата способност да создадеме инклузивни општества каде што жените се носители на промени, иновации и напредок“, додаде Трајков.

Конференцијата обедини високи претставници, политичари, експерти и носители на одлуки од регионот и Европа, со цел размена на идеи и искуства за улогата на женското лидерство во услови на геополитички предизвици, безбедносни ризици и технолошки трансформации.

Настанот е организиран со поддршка на меѓународни партнери и претставува важна платформа за продлабочување на соработката и унапредување на европските интегративни процеси на Западен Балкан.