Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Трајков: Зачувувањето на идентитетот не е само обврска, тоа е чин на љубов кон татковината 

По повод 21-годишнината од основањето на Националниот совет на македонското национално малцинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 21-годишнината од основањето на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторја Трајков присуствуваше на свечената академија во Лесковац, во просториите на Културниот центар. На настанот беше истакната долгогодишната улога на Советот во заштитата, унапредувањето и афирмацијата на правата, културата и идентитетот на македонската заедница во Србија, се вели во сооштението од Министерството за европски прашања.

Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања изрази благодарност за напорите што Советот ги вложува две децении наназад, нагласувајќи дека зачувувањето на јазикот, културата и традицијата е од суштинско значење за секоја заедница која живее надвор од матичната држава. 

,,Овој јубилеј не е само датум. Тоа е потсетник на напорната работа, на трпението, на храброста да се зачува јазикот, културата и традицијата во заедница која живее надвор од својата матична земја, но никогаш не ја заборава. Македонскиот дух отсекогаш знаел да опстои — и таму каде што е малуброен, и таму каде што историјата го ставила на испит. Токму затоа, денеска оддаваме чест на сите што го носат тоа наследство со гордост” рече Трајков.

Реклама

Таа истакна дека институциите ќе продолжат да бидат партнер и поддршка на македонското национално малцинство во неговите активности и развој.

,,Националниот совет е мост меѓу двете држави, но и меѓу генерациите. Благодарение на него, младите Македонци во Србија имаат можност да учат за своето културно богатство, да го негуваат својот јазик и да ја чувствуваат поврзаноста со корените, без разлика каде живеат. Таа врска е нашата најголема сила” истакна заменик-министерката за европски прашања.

Настанот заврши во дух на заемно почитување, со порака за понатамошна соработка, единство и унапредување на положбата на македонската заедница во Република Србија.