Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, денес се обрати на отворањето на Меѓународната конференција „Between Accession and Ambiguity: The Western Balkans and the European Project“, која се одржува на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Во своето обраќање, Трајков истакна дека европската интеграција претставува многу повеќе од формален процес на усогласување со европското законодавство, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, денес се обрати на отворањето на Меѓународната конференција „Between Accession and Ambiguity: The Western Balkans and the European Project“, која се одржува на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека европската интеграција претставува многу повеќе од формален процес на усогласување со европското законодавство, туку сеопфатна трансформација на институциите, економијата и општеството.

„Европската иднина на Македонија останува наш стратешки приоритет. Нашата цел е да изградиме модерна, дигитално развиена и конкурентна држава која ќе обезбеди подобри можности за сите граѓани, особено за младите“, истакна Трајков.

Реклама

Заменик-министерката за европски прашања ја нагласи важноста на академската заедница во процесот на европска интеграција и ја поздрави улогата на универзитетите во промовирањето на европските вредности, критичката мисла и научно-истражувачката работа.

На конференцијата учествуваат истакнати професори, истражувачи и експерти од земјата и регионот кои ќе дискутираат за европските интеграции, владеењето на правото, дигиталната трансформација, образованието и економскиот развој на Западен Балкан.