Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за  официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција.  

Тошковски вечерва рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно она што го имаат досега како фид бек и процедурата што треба да помине за уште два закона, односно да се изменат Законот за прекршоци и Кривичниот законик. – За измените на Законот за прекршоци, којшто е во втора фаза во Собранието потребно е двотретинско мнозинство, а за Кривичниот законик просто мнозинство. Се надевам дека сериозноста на ова ќе биде препознаена од сите пратеници и ќе дадат поддршка за да може да почне примена на овој круцијален проект, рече Тошковски. 

Тој потврди дека примената на системот ќе се пролонгира доколку Собранието не даде поддршка на Законот за прекршоци.  

Реклама

– Верувам дека овој закон би требало да го поддржат сите пратеници. Целта е спасување на човечки животи, истакна министерот Тошковски.  

Според него, во пробниот период на примената на системот од 15 дена во Скопје, граѓаните покажале дека можат да бидат поинакви учесници при уравувањето на возилата, а на Клиниката за трауматологија е намален за 20 проценти бројот на пациенти кои се задржуваат поради тешка телесна повреда, а за 15 до 20- проценти е намален бројот на пациенти што се донесени на таа Клиника. 

Уверува дека техничките проблеми детектирани во пробниот период ќе бидат надминати до 1 февруари.

Најави дека со подзаконски ќе се утврди дозволеното пречекорување на брзината согласно европските параметри кои се движат од три до десет над дозволеното, како и дека со граѓаните ќе бидат споделени локациите на кои ќе има камери, бидејќи, истакнува, крајната цел да се намали брзината на движење во насока на помалку жртви и повредени во сообраќајки. – Се ревидираат и знаците. Секаде каде има камера за констатирање на зголемена брзина задолжително ќе биде ревидиран знакот согласно важечки сообраќаен проект, рече Тошковски.

Информираше дека видео записите од прекршоците ќе се чуваат во временски период утврден согласно законите во рамки на истражните дејствија, како и дека МВР ќе пушти во употреба апликација на која граѓаните ќе добиваат информации за сторени прекршоци.