Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Тошковски за бегството на Рамадани: СДСМ треба да ја знае поделбата на ингеренциите на МВР и Судот, ние постапивме согласно закон

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагираше по обвинувањата од СДСМ. Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагираше по обвинувањата од СДСМ. Според министерот, опозициската партија уште еднаш покажала дека наместо да се фокусира на вистинските проблеми и да понуди конструктивни критики, избрала да обвинува само за да обвини.

„Во случајот со бегството на Блерим Рамадани, вистинското прашање треба да биде зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор. Познавам писмени правници и во СДСМ кои ја разбираат поделбата на власта и знаат дека МВР и судот се различни институции, но жално е што раководството на СДСМ и нивната ПР служба ги игнорираат овие факти и обвинуваат за да добијат ситни политички поени.

Со ваквите празни обвинувања, СДСМ само признава дека нивната некогашна власт ја оставила државата целосно руинирана. Меѓутоа, да се префрли вината за сѐ на новата влада е манипулација со јавноста.

Реклама

МВР во овој случај постапи согласно законот и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на Интерпол, што е во согласност со позитивните законски прописи. СДСМ да престане со празни обвинувања, а ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на вистински решенија за подобрување на состојбата во државата.

Изборите на 8 мај беа јасна порака од народот – СДСМ доживеа историски најлош резултат. Наместо да ја разберат пораката и да се посветат на вистинските прашања, тие продолжуваат со истите стари тактики. Време е да се соочат со реалноста и да сфатат дека народот не заборава кој ја остави државата во ваква состојба“, стои во реакцијата на Тошковски.