Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тошковски во посета на Азербејџан: Градиме пријателства со цел поефикасно справување со современите безбедносни предизвици

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денеска е во работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денеска е во работна посета на Азербејџан по покана на азербејџанскиот министер за внатрешни работи Вилајат Ејвазов.

Министерот Тошковски истакна дека оваа средба е од големо значење за зајакнување на билатералната соработка во областа на безбедноста и размената на искуства во современите безбедносни предизвици.

-Со министерот Ејвазов дискутиравме за форми на соработка кои досега не биле воспоставени. Азербејџан, како стратешки важна земја која поврзува различни региони, има богато искуство во справувањето со безбедносни закани од глобален карактер. Токму затоа, договоривме да ја формализираме идната соработка преку Договор за безбедносна соработка и Меморандум за разбирање помеѓу нашите центри за обука. Ова ќе овозможи размена на искуства, заеднички обуки и унапредување на капацитетите на безбедносните структури, потенцираше министерот Тошковски.

Реклама

Во рамки на посетата делегацијата на МВР имаше можност да се запознае со напредните системи за безбедност во Азербејџан, особено со нивниот систем „Безбеден град“ и Интелигентниот систем за менаџмент на транспортот. Овие системи се меѓу најсовремените во светот, а дел од нивните искуства ќе помогнат при развојот на нашиот национален систем за урбана безбедност.

Меѓународната соработка во областа на безбедноста е суштински важна, дури и со земји кои географски се далеку од нас. Светот денес се соочува со нови и комплексни предизвици, кои не познаваат граници. Размената на искуства, добрите практики и партнерствата со држави кои имаат развиени решенија за безбедност придонесуваат за зајакнување на нашиот систем, а со тоа и за повисоко ниво на заштита на нашите граѓани.