Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од негова страна.

„Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи. Управниот суд со пресудите и овој пат утврди дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија“, а не Владата, пишува Тошковски.

Министерот наведува дека со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврдил фактот дека сите решенија донесени од негова страна се во согласност со позитивните законски прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада.

Реклама

Минатата недела од Управниот суд поништени беа три одлуки од Владата.