Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги испраќаат до македонските граѓани, упатив една порака и претходно. Значи, од македонски број не може да стигне лажна порака за да платите на ова или на тоа. Сите оние лажни пораки стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните. Повторно опозицијата, со дрзок обид за искривување на реалноста, нападна дека токму поради тоа не го поддржале. Тие не можеа да смислат каков проблем би можел да произлезе во иднина, а реално не е проблем што го нема која било друга институција во светот што на електронски начин остварува одредени права или услуги – рече Тошковски.

Министерот додаде дека земјава мора да го следи технолошкиот развој, кој се случува во другите земјии да се примернуваат технолошите решенија, што ги нуди 21. век. 

Реклама

-Светот мора да се развива, мора да одиме напред. Но тоа не значи дека не треба да ги применуваме сите овие нови технолошки решенија што ни се нудат во 21 век. Што треба сега? Да останеме пред два века? – додаде Тошковски. 

Тој нагласи дека секогаш кога има фишинг напади должни се навремено да ги информираат граѓаните

-И повторно напоменувам, кога станува збор за странски број што упатува таков тип порака, „платете тука“ или „платете онде“, тоа треба да се игнорира, затоа што станува збор за измама – додаде Тошковски.