Реклама
Прилози

Тошковски: Системот безбеден град работи автоматски и непристрасно

Завршна фаза од подготовките на „Сејф Сити“. Надлежните во Скопје, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршна фаза од подготовките на „Сејф Сити“. Надлежните во Скопје, но и во Куманово и Тетово ги прават последните проверки за почеток на системот, кој треба да стартува од 1 февруари. Министерот Тошковски кој беше на терен да се увери колку системот е ефикасен, испрати порака дека државата на овој начин става крај на селективната правда во сообраќајот и дека низ улиците отсега па натаму ќе важи еднаква примена на законот за сите.

„Камерата не препознава ни Македонец, ни Албанец, ни маж ни жена, не препознава, мислам препознава и тоа како маж и жена, затоа што се  запишува во фотографијата, но не препознава етникум не препознава роднина, близок, едноставно секој оној кој ќе го стори сообраќајниот прекршок во рамки на утврдени процедури ќе треба да сносни одговорност за истиот“, изјави Панче Тошкоски, министер за внатрешни работи.

Побрзо возење од дозволеното, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање се четирите клучни прекршоци на кои што ќе мора да внимаваат граѓаните, а кои  системот автоматски ќе ги регистрира. Камерите се поставени на повеќе локации особено на точки со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на Македонија. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на таканаречените црни точки.

Реклама

Во наредните месец, два ќе можеме да очекуваме возила кои ќе бидат на терен на цела Македонија и притоа особено на одредени црни точки, можам да кажам во делот на експресните патишта да бидат поcтавени тие камери кои ги имаме инкорпорирано во рамки на возилата, се поврзани со овој паметен систем и ќе бидат вклучени во рамки на автоматското спроведување и детектирање на сообраќајните прекршоци“, изјави Панче Тошкоски, министер за внатрешни работи.

Системот за автоматско детектирање на брзина е многу прецизен, со минимални отстапувања од 0,4 до 0,5 километри на час, што е далеку под законската толеранција. Тоа значи дека мерената брзина на возилата ќе биде точна како во Скопје, така и во Куманово и Тетово.

„Значи ако кажеме на брзина до 100 километри на час имаме законска толеранција од 6 километри на час, на брзина над 100 до 200 имаме законска толеранција до 8 километри на час. Отстапувањата се движат некаде околу 0,4 километри  на час 0,5 или 1 километар на час на ордедени делници, но сето тоа е во рамки на законски дозволениот максимум“, изјави Панче Тошкоски, министер за внатрешни работи.

Подготвителниот период, веќе покажа дека возачите знаат да бидат дисциплинирани, а оние кои ќе бидат снимени како не ги почитуваат законите ќе ги добиваат казните директно на мобилен телефон, преку СМС и на мејл. Најниската казна е околу 20 евра, додека за најтешките прекршоци, како минување на црвено или возење со голема брзина, санкциите ќе достигнат и до 400 евра.

Ако го прекршите законот и добиете три забрани во рок од четири години, возачката дозвола ќе ви биде одземена трајно, со можност за повторно полагање најрано по една година.