Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

🎥 Тошковски: Новиот Закон за внатрешни работи е темел за реформирана и професионална полиција

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку објава на Фејсбук информираше за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку објава на Фејсбук информираше за суштинските реформи што ги носат новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција.

Според него, станува збор за најдлабока и највсеопфатна реформа на полицискиот систем – од организациската поставеност, преку критериумите за напредување, до системот на кариера, интегритет и одговорност.

Во подготовката на законите биле вклучени стручните служби на МВР, синдикатите, правни експерти и меѓународни партнери, а препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно интегрирани.

Реклама

Со новиот Закон за внатрешни работи:

  • Се поедноставува класификацијата на работните места.
  • Се воведува тест за раководење за секоја лидерска позиција.
  • Обуката станува задолжителна за сите раководители.
  • Се воведува тест за професионален интегритет, без политички влијанија.
  • Советничките позиции добиваат јасна правна рамка.
  • Се воспоставува транспарентен систем за човечки ресурси – од мобилност до развој на кариера.

Со измените на Законот за полиција:

  • Се воведуваат стручни критериуми за избор на директор на БЈБ – со искуство исклучиво во полицијата.
  • Ќе се отворат нови полициски станици во Сарај и Илинден, според безбедносните и територијални потреби.
  • Се усогласува внатрешната организација со новиот концепт на управување.

„Додека некои, било од незнаење, било од желба за политички поени, манипулираат и критикуваат без основа – ние остануваме посветени на суштината“, пишува Тошковски, додавајќи дека целта е јасна: полиција што ќе им служи на граѓаните, а не на дневната политика.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: