На патниот правец А1, на делницата Прилеп – Кавадарци, во делот меѓу Беловодица и Тројаци, денеска од 10:00 часот, е воведен времен режим на сообраќај.
Како што соопшти ЈП Македонија пат поради изведување градежни активности, сообраќајот ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде во сила до завршување на градежните активности.
На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на овој патен правец.

