Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Царинската управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со телесните камери

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, МДМА и тетрахидроканабинол, пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери, кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД – информираат од Царинската управа. 

Во случајот, откога автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронашле супстанција во зеленикава боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанција спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони, како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен бил и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини супстанции во зеленикава боја, бела прашеста материја, гел во бела боја и таблети во портокалова и кафеава боја.

Лицето било приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени биле предистражни дејства, во чии рамки, со налог на јавен обвинител, извршено било и вештачење на дрогата, со што е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Реклама