Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Се чисти крајбрежјето на Дојранското Езеро

Општина Дојран почна со чистење на крајбрежјето по должина на шеталиштето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран почна со чистење на крајбрежјето по должина на шеталиштето во Стар Дојран. Општинските власти информираа дека се отстрануваат бекатон-плочки, камења и друг материјал што се насобирал со текот на годините.

Од Општината велат дека целта е да се ослободи крајбрежјето од непотребниот отпад, да се уреди и дополнително да се посипе со песок, со што ќе се создадат подобри и побезбедни услови за сите  посетители.

Како дел од активностите за чистење и уредување на јавните површини, Општината деновиве го уреди и теренот на фудбалското игралиште, каде што се натпреварува тимот „Дојранско Езеро”. 

Реклама

– Со оваа активност создаваме подобри услови за публиката, но и придонесуваме за поуреден и поубав изглед на нашиот спортски терен, велат надлежните.

Сите активности општината ги спроведува со помош на новата механизација за одржување на јавните површини која ја доби неодамна.