Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тошковски и Мицкоски ја покажаа запленетата дрога: Посебна комисија ќе истражува кој работи незаконски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски, во друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски, во друштво на директорот на БЈБ Александар Јанев, на јавноста преку видео обраќање ги покажаа како изгледаат запленетите 40 тони марихуана.

Тошковски најави дека продолжуваат активно со работа со цел да се отстранат овие огромни количини на дрога, која била наменета за шверц, но и за домашниот нарко пазар.

Премиерот Христијан Мицкоски најави формирање владина комисија која ќе го испитува работењето на правните субјекти поврзани со случајот со 40 тона цвет од канабис, посочувајќи дека станува збор за последица на, како што рече, погрешни политики од минатото.

Реклама

Мицкоски информира дека на денешната седница на Владата се очекува да биде донесена одлука за формирање тим кој ќе влезе во повеќе компании, ќе ја утврди фактичката состојба и ќе констатира кои субјекти работеле согласно закон, а кои го злоупотребиле.

„Очекувам дека денес на седница на Влада ќе се донесе одлука со која што ќе се формира комисија и тим која што ќе влезе во повеќе правни лица, ќе го испита работењето и ќе констатира фактичка состојба, кој се тие правни субјекти којшто работеле согласно закон, а кој се оние правни субјекти којшто не работеле согласно закон и го злоупотребиле или го изиграле законот“, објави Мицкоски.

Тој порача дека криминалот повеќе не се исплати и дека сите кои сметаат дека можат да профитираат на незаконски начин ќе бидат откриени и строго казнети.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: