Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Тошковски: Ги реновираме просториите за издавање лични документи во Скопје, ќе понудиме побрзи и поефикасни услуги  

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во реконструкцијата на просториите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МТВ. Проектот за реновирање на овие простории започна неодамна, откако целосно беа надминати гужвите кои беа предизвикани со промената на личните документи заради промена на уставното име, а со цел модернизација и креирање побрзи и поефикасни услуги за граѓаните.

„Претходното раководство планирало да ја започне реконструцијата оваа година во февруари во ек на најголемите гужви за промена на документите. Можете да замислите што тогаш ќе се случеше ако се реализирало тоа. Со оваа реконструкција која треба да заврши за шест месеци ќе добиеме речиси двоен капацитет на управните служби на МВР кои ќе понудат побрзи и поефикасни услуги за нашите граѓани. Градиме поефикасна администрација која ќе биде целосно во служба на потребите на граѓаните“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски притоа напомена дека додека трае реконструкцијата воопшто не е намален капацитетот на издавање лични документи и останати услуги кон граѓаните и тие во најголем дел во најголем дел се извршуваат во пунктот до полициската станица „Пролет“.