Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи. Оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена.

Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска се обрати на 16-та сесија на Работната група 4 од Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, платформа, како што нагласи, која низ годините се етаблира како сериозен и кредибилен простор за дијалог, анализа и препораки во процесот на европска интеграција.

Темата на денешната сесија „Предизвиците и перспективите во националните политики за дроги и психоактивни супстанции: усогласување на македонското законодавство со европските стандарди“, истакна Тошковски, е тема која го засега секој сегмент од нашето општество. Тоа, подвлече, не е само безбедносно или правно прашање, тоа е здравствено, социјално и цивилизациско прашање, кое ја отвора дилемата меѓу репресијата и рехабилитацијата, меѓу контролата и поддршката, меѓу казната и шансата за нов почеток.

Реклама

МВР како институција на првата борбена линија во спречувањето на недозволената трговија со дрога, рече министерот Тошковски, е секојдневно сведок на трансформациите и предизвиците кои ги носи овој феномен, од порастот на синтетичките супстанци и нивната достапност, до поврзаноста со организираниот криминал и транснационалните мрежи.

– Но, токму затоа е важно да истакнеме дека борбата против дрогата не се води само со апсења и заплени. Таа се води и со податоци, со научно утврдени политики, со превенција во училиштата, со програми за третман и социјална поддршка, со меѓусебна доверба меѓу институциите, и со постојана комуникација со граѓаните и заедницата, беше дециден министерот за внатрешни работи.

Пред присутните национални експерти, претставници на академската заедница и на граѓанските организации, како и словачки стручњаци за криминалистика, Тошковски потенцира дека на овој форум учесниците слушаат, разменуваат искуства, и најважно, како што рече, е да изградиме политики кои се темелат на европски стандарди, но и на реалните потреби и специфики на нашето општество.

Тој посебно ја поздрави вклученоста на академската заедница, граѓанските организации и меѓународните партнери, без кои, нагласи, ниту една стратегија не може да биде ниту одржлива, ниту ефикасна.

– Како министер за внатрешни работи, останувам посветен на визијата за модерна, одговорна и партнерски ориентирана полиција, која знае дека вистинската безбедност не се гради само со сила, туку со разбирање и системски пристап, рече министерот Тошковски и изрази надеж дека од оваа сесија ќе произлезат конкретни, применливи и стратешки насочени препораки кои ќе помогнат во нашата заедничка мисија – безбедно, здраво и инклузивно општество, достојно за европската иднина што ја градиме.

Инаку, домаќин на денешната сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Европското движење, е Националната конвенција за Европската Унија во Македонија. Дијалогот се фокусира на клучните предизвици и можности во процесот на усогласување на македонското законодавство со европските стандарди во областа на политиките за дрога и психоактивни супстанци. Дебатата, исто така, се очекува да ги отвори и прашањата околу механизмите за мониторинг и справување со криминалните активности поврзани со дрогата, како дел од пошироките напори за борба против организираниот криминал, кој е длабоко инфилтриран во оваа област и има значајни општествени последици.

На форумот се очекува да бидат усвоени и повеќе работни препораки меѓу кои: зајакнување на институционалната подготвеност и улогата на Националната комисија за дроги при промени во правниот статус на канабисот, зајакнат надзор врз маркетингот и извозот на канабис произведен од лиценцирани компании, подготовка на институциите за спроведување на законот за справување со организираниот криминал во контекст на зголемено производство на медицински канабис, како и развој на целна стратегија за спречување на трговија со хероин во замена за канабис.

Во препораките се бара и зајакнување на институционалниот одговор на зголемена закана од недозволено производство и трговија со синтетички дроги, зајакнување на регионалната и меѓународна соработка за справување со организираниот криминал со дрога, во согласност со ЕУ практики и безбедносни политики, како и воспоставување системска евалуација како основа за ефективна политика за дроги и третирање на употребата на дрога и зависноста како здравствен проблем во рамки на политиката за дроги.