Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека безбедносната состојба во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека безбедносната состојба во државата е стабилна и покрај регионалните тензии по конфликтот со Иран. Министерот рече дека институциите немаат информации кои упатуваат на можни нарушувања на безбедноста.

Во овој момент сметам дека имаме стабилна безбедносна ситуација. Немаме никакви индиции дека би можела да биде изместена од она ниво на кое е во овој момент. Советот за безбедност беше свикан и во овој момент сметам дека имаме стабилна состојба – изјави Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на малото и лесното оружје. 

Во однос на апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство, министерот потврди дека директор на државен инспекторат е уапсен при примање мито, со однапред обележани пари.

Реклама

– Ова е еден од случаите што ја потврдуваат неселективната борба на Министерството за внатрешни работи, особено против оние што го срамат својот народ од позиција на директор, функција што му била дадена од страна на народот преку Собранието, Владата итн. – рече Тошковски.

Со ова, како што истакна, „упатуваме многу силна порака, а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи“.

– Секој што ќе згреши, особено на штета на македонските граѓани, со рекетирање и корупција, ќе одговара – додаде министерот Тошковски.