Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

ТИРЗ меѓу високо рангираните институции во најновиот извештај за примената на системот за интегритет за 2024

Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа…

Сподели:

Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор.

Како државна институција – потписник на политиката за интегритет, според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната Комисија за Спречување Корупција, Дирекцијата за Технолошки Индустриски Развојни Зони се најде на 15 место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61.1% на исполнетост на системот за интегритет.

Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор.

Реклама

Постигнатиот резултат претставува значителен раст за ниво погоре, од „просечно“ ниво – на „добро“ ниво, во однос на 2023 година, кога процентот на исполнетост изнесуваше 39.2%.

Сето ова се должи на бројни активности кои беа преземени, како донесување на: Упатство за спречување судир на интереси, Упатство за постапување со подароци и гостопримства, Етички кодекс, Правилник за изменување и дополнување на правилникот за користење и управување со службени возила, како и Упатство за изменување и дополнување на упатството за реализирање на службени патувања. Исто така, беа спроведени и обуки за спречување на корупција и системот за интегритет.

Интегритетот е клучен фактор во градењето на силни институции и стекнувањето доверба кај граѓаните. Системот за интегритет како стратешки механизам за превенција од корупција и унапредување на транспарентноста, обезбедува усогласено спроведување на законите, етичките кодекси и политиките, создавајќи јасна рамка и функционални механизми за нивна примена и заштита.

Како институција, Дирекцијата продолжува и понатаму да работи кон подобрување и сеопфатна имплементација на системот за интегритет. Овој резултат е потврда за заложбите кон законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работата, чувајќи го угледот и елиминирајќи ги ризиците и сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција.