Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тетово не заборава, времето на лицемерие и неказнети трагедии заврши

Венко Филипче, човекот чиј мандат како министер ќе остане запаметен по трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, човекот чиј мандат како министер ќе остане запаметен по трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 наши сограѓани, денес држи политички митинзи токму во истиот град, без да спомне ниту збор за одговорност.

Тоа е навреда за семејствата на жртвите, за целиот град и за секој граѓанин што очекуваше правда. Наместо извинување, добија митинг и партиски пароли.

Ова е истиот човек што беше дел од системот кој ја остави државата без функционално здравство, кој дозволи луѓе да изгорат во болнички објект, направен со материјали што не ги исполнуваа ниту основните безбедносни стандарди. Наместо да сноси морална и политичка одговорност, денес зборува за „вистинската страна на историјата“. Да, Македонија е на вистинската страна на историјата, но токму затоа не смее да дозволи повеќе никогаш да се повтори времето на криминал, партизација и човечка трагедија под покровителство на СДСМ.

Реклама

Посебно е лицемерно што Филипче во Тетово, град на различности, повторно го враќа комунистичкиот речник и идеологијата на еднопартиска држава, идеологија која по својата суштина е тоталитарна и спротивна на демократијата. Тој повикува на „вредностите на Комунистичката партија“, заборавајќи дека тие вредности во Македонија оставија зад себе едноумие, прогон, забрани и поделби.

СДСМ, која за 7 години власт ја претвори државата во хаос,  со пад на индустриското производство, преполовени странски инвестиции, инфлација која ја јаде секоја плата и ветувања што никогаш не стануваат реалност, нема морално право да зборува за подобра иднина. Пензионерите ги излажаа, младите ги натераа да заминат, а здравството, образованието и правосудството ги оставија во руини.

Граѓаните на Тетово, но и на цела Македонија, добро знаат кој беше на вистинската страна на историјата: тоа се оние што се бореа за независна држава, за плурализам и слобода, а не оние што денес носталгично се повикуваат на еднопартиско минато.