Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Тестираните вработени во скопската Зоолошка немаат птичји грип

Нема заразени луѓе со птичји грип во Зоолошка.Резултатите на двајцата тестирани се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема заразени луѓе со птичји грип во Зоолошка.Резултатите на двајцата тестирани се негативни. Дополнително, направени се епидемиолошки анкети на 16 луѓе кои се доставени од список на зоолошката градина, информираат од ИЈЗ. Тие во следниот период секојдневно ќе треба да ги информираат лекарите за својата здравствена состојба.

“Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип” – велат ИЈЗ.

Епидемиолозите и здравствените власти смируваат дека нема простор за паника. Велат дека посетители кои биле во зоолошката изминатата недела не треба да се загрижени. Појаснуваат дека болеста од птица на човек се пренесува само со исклучително близок контакт.

Реклама

Зоолошката е во тринеделен карантин. Агенциајта за храна и ветеринарство на влезот од објектот истакна табла со знак за опасна болест кај животните. Во меѓувреме, велат дека зоолошката постапувала незаконски откако во понеделникот ја пронашле угинатата гуска. Наместо да информираат кај надлежен ветеринар, еден ден подоцна сами ја однеле птицата за проверка. Зоолошката не ја алармирала ниту Агенциајта за храна и ветеринарство, откако бил потврден вирусот.

Првичните симптоми на птичји грип се  примарно респираторни, со покачена температура, треска и кашлица.