Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Свет

Тешки инциденти поради законот за вероисповед во Црна Гора

Црна Гора пред граѓански конфликт. Донесувањето на контроверзниот Закон за слобода на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црна Гора пред граѓански конфликт. Донесувањето на контроверзниот Закон за слобода на вероисповед синоќа предизвика инциденти во црногорскиот парламент. Фрлање со шишиња, кршење на компјутери и микрофони, обиди за физички пресметки и апсење на просрпските опозициски пратеници од Демократскиот фронт беа само дел од случувањата по усвојувањето на законот. Вкупно 22 лица, 18 пратеници од опозицијата , и уште четворица биле уапсени по инцидентите. Од нив, денеска 19-мина се пуштени на слобода а во притвор се задржани Андрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Милун Зоговиќ од Демократскиот фронт.

Ние ќе загинеме за нашата црква, затоа демонстрираме…Имаше можност која ги задоволува сите страни, ние му кажавме на претседателот на Парламентот Брајовиќ, дека решението е да се прифатат амандманите на Митрополитот – само така во нашата земја ќе владее мир. – изјави Мандиќ.

Премиерот Душко Марковиќ, го осуди однесувањето на опозициските пратеници но дополни дека „не очекува радикализација на ситуацијата“

Реклама

“Морам да искажам жалење за неодговорното однесување кон парламентот и кон темата која ги поттикна пратениците на ДФ на таквото однесување. Верувам дека на Црна Гора од 21 век не и потребно такво нешто. Потребен и е дијалог дури и кога се разликуваме бидејќи така разликите би биле помали.” – рече црногорскиот премиер.

На усвојувањето на законот му претходеа протести и блокади на патиштата во Подгорица, Никшиќ, Будва и другите градови во Црна Гора.
Новиот закон предвидува 650 цркви и имот со манастири на Српската православна црква да биде во државна сопственост. Според критичарите, со законот за религија Црна Гора станува сопственик на голем дел од имотите на СПЦ. Засега не е познато какви ќе бидат натамошните потези на Црногорско-приморската митрополија на СПЦ и дали ќе има нови собири. Според, митрополијата „цела одговорност за последиците од донесувањето на законот“ им се припишува на пратениците кои гласале за него, на Владата која го предложила и на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

 

Ања Василева