Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Тешка воздушна несреќа над Вашингтон, се судрија патнички авион и воен хеликоптер

Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четвоица членови на екипажот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четвоица членови на екипажот се судри со воен хеликоптер Блек Хок во кој се наоѓале тројца војници додека се обидувал да слета на Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон. Двете летала по судирот паднеле во реката Потомак, додека по ударот авионот се преполовил на два дела. Несреќата се случила околу 21 часот по локално америчко време.

Според објавите на тамошните медиуми дознаваме дека можноста за преживеани патници е мала поради временските услови влчително ниската температурата на водата на реката во која паднал авионот.

„Водата во која пребаруваме е околу 8 метри длабока. Има ветер, има парчиња мраз, така што едноставо е опасно и тешко оди потрегата. И бидејќи видливоста е мала таму, го пребаруваме секој милиметар. Нуркачите го прават истото во водата. Водата е темна, матна и тоа за нив е исто така се тешки околности“ изјави Џон Алив, Командант на протипожарна бригада на областа Колумбија.

Реклама

Во врска со несреќата се изјасни и Американскиот претседател Доналд Трамп според кого до несреќата немало да дојде доколку било правилно постапено од страна на службите кои биле задолжени за контрола на летовите.

„Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави наместо да прашува дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи. Не е добро“, напиша Трамп на социјалните медиуми.

Причините за несреќата допрва треба да се утврдуваат, а од витално значење е пронаоѓањето на црната кутија. Фаталните несреќи со комерцијални авиони во САД станаа реткост. Последната се случила 2009 година во близина на Бафало, во сојузната држава Њујорк. Тогаш загинале сите 45 патници и четворица членови на екипажот.