Рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот, во кој Гренланд се посочува како стратешки интерес и за САД и за останатите земји членки на алијансата. Американскиот претседател Доналд Трамп, ги намали тензиите околу најголемиот оствов во светот. Тој порача и дека нема да воведе санкции и царини кон земјите кои се спротивставија на неговата иницијатива за присвојување на Гренланд, нагласувајќи дека решението за статусот на островот ќе се бара во рамките на НАТО. По средбата со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, Трамп најави можен договор за надминување на спорот околу данската територија, кој според него би можел да вклучи и права врз минералните ресурси на Гренланд.
„Тоа е договор со кој сите се многу задоволни. Тоа е долгорочен договор. Ги става сите во навистина добра позиција, особено кога станува збор за безбедноста и минералите. Тоа е договор што е засекогаш.“– вели претседателот на САД, Доналд Трамп.
Првиот човек на НАТО Марк Руте нагласи дека Арктикот станува се поважен од безбедносен аспект поради зголемената активност на Русија и Кина. Тој порача дека земјите членки на алијансата мора да преземат поголема одговорност и заеднички да го заштитат арктичкиот регион.

„Кога станува збор за Арктикот, мислам дека претседателот Трамп е во право, а во право се и другите лидери во НАТО. Треба да го браниме Арктикот. Знаеме дека морските патишта се отвораат и знаеме дека Кина и Русија стануваат сè поактивни во Арктикот. Само една земја што граничи со Арктикот е надвор од НАТО, а тоа е Русија. И би тврдел дека постои и деветта земја, а тоа е Кина, која станува сè поактивна во арктичкиот регион. Затоа претседателот Трамп е во право, мора да направиме повеќе таму и мора да го заштитиме Арктикот.“- вели Марк Руте.
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска е подготвена за дијалог за безбедноста и Арктикот, но само со целосно почитување на својот и на суверенитетот на Гренланд.
„Данска би продолжила со конструктивен дијалог со своите сојузници за зајакнување на безбедноста во Арктикот, вклучувајќи го и американскиот ракетен одбранбен систем ‘Златна купола’, но доколку тоа се прави со почитување на нашиот територијален интегритет“– вели Мете Гредериксен.
Германскиот канцелар Фредрих Мерц, вели дека повлекувањето на американскиот претседател од идејата за насилно превземање на Гренланд е добра одлука.
„Добра вест е дека правиме чекори во вистинска насока. Ги поздравувам забелешките на Претседателот Доналд Трамп од синоќа. Ова е вистинскиот пат. Ова е правилниот начин бидејќи секоја закана за стекнување на европска територија со сила би била непрофатлива.“– вели Фредрих Мерц.
Бриселските медиуми се едногласни во оценката, дека американскиот претседател Доналд Трамп, со повлекувањето од идејата за преземање на Гренланд и откажувањето од планот за воведување на царини за осум држави во Европа, им ја олеснил работата на европските лидери, и ги поштедил од предизвикот да мора да носат тешки одлуки контра САД.
