Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Тензично пред транспортен центар каде приватните превозници си ги бараа парите од директорот на ЈСП Скопје

Нема крај на хаосот во јавниот превоз во Скопје. Денешната средба меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема крај на хаосот во јавниот превоз во Скопје. Денешната средба меѓу приватните превозници и директорот на ЈСП, Драги Кушевски, за малку ќе прераснеше во физичка пресметка. Причината – долгот што градското претпријатие го има кон приватниците во период од шест месеци. Тензијата ескалираше кога претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, прво бурно реагираше на изјавата на директорот Кушевски дека долгот изнесува околу 60 милиони денари – што е речиси трипати помалку од сумата што тие ја бараат. Приватниците велат дека градското претпријатие им должи 170 милиони денари за шест месеци и дека повеќе не можат да возат под овие услови. Според нив ЈСП има има долг кон трите претпријатија „Јофи Бус“, „Радос“ и „Вестор Транс“.

Ако не ни се уплати, ние без пари не можеме да продолжиме да возиме. Значи ние ќе чекаме стрпливо до понеделник нека не известат, ако има пари ние ќе продолжиме да возиме. Ние никогаш не сме правеле проблем за таа работа“, изјави Јовица Зафировски – приватен превозник „Јофи Бус“.

Види ти си платил 10 милиони за март. Мене ми должиш уште 3 милиони за март. Кој месец сме сета? Кој месец сме сега?!“, изјави приватен превозник Менет Асами од „Вестор Транс“.

Реклама

Дека состојбата со ЈСП не е идеална призна директорот Кушевски, но според него долгот не е толкав колкав што го кажуваат приватниците и ги обвини дека манипулираат со граѓаните.

„Ја знаеме состојбата во која се наоѓа ЈСП веќе години наназад. Но, тоа не ни е никакво оправдување. Откако сум дојден јас долгот се намалува. Долгот не е тој што беше кажан сега. Нека ги покажат финансиските картици. Долгот во моментов е околу за тројцата превозници 60 милиони денари…. Тоа не е точно, тоа не е точно… Покажете ги картиците… Ќе ги покажеме. Долгот само кон мојот пакет е 30 милиона“…

Приватниците ќе чекаат повик од Кушевски до понеделник и доколку средствата не им се уплатат, прво ќе почнат да возат редуцирано, а  потоа ќе ги паркираат автобусите во гаража. И додека едните бројат долгови, а другите тврдат дека ги намалуваат, илјадници скопјани секојдневно ја плаќаат цената замрзнати на автобуските постојки, со часови чекајќи превоз.