Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

Подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“, е темелно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“, е темелно исчистен во рамки на активностите за одржување на јавната хигиена во главниот град, соопшти попладнево градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– По години негрижа, денес нашите екипи темелно го исчистија подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“ – наведе Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.

Тој истакна дека чистите и одржувани сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Реклама

– Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува тука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек – посочи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да не фрлаат отпад од возилата и да придонесат за почиста и побезбедна урбана средина.

– Апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици – вели Ѓорѓиевски.

Тој порача дека градските служби ќе продолжат со активности за одржување на чистотата низ Скопје.

– Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно! – нагласи во објавата скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: