Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Телефонски разговор Муцунски-Георгиев: Македонскиот министер порача дека европскиот пат не треба да биде обременет со билатерални прашања

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со својот бугарски колега, министерот за надворешни работи, Георг Георгиев.

Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Македонија во процесот на пристапување во Европската унија.

Во разговорот, министерот Муцунски ги повтори принципиелните позиции на нашата земја поврзани со процесот на евроинтеграција. Притоа, ја нагласи подготвеноста на државата за натамошно унапредување на соработката со Бугарија во насока на градење поголема меѓусебна доверба, во интерес на граѓаните.

Реклама

За таа цел, подготвени сме да продолжиме со активен придонес во градењето доверба заснована на принципиелност и заемно почитување.

Како соседи и НАТО-сојузници, двете земји имаат заедничка обврска, ориентирани кон иднината, да продолжат да развиваат односи засновани на европски принципи. Во таа насока, министерот Муцунски уште еднаш ја потенцираше нашата посветеност на европскиот пат, кој не треба да биде обременет со билатерални прашања.

Владата посветено работи на реформската агенда и на исполнување на Копенхашките критериуми, кои треба да бидат единствен услов за членство на земјата во Европската унија.