Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Техничката влада е непотрена, уставните измени се опасни

Опозицискиот лидер Венко Филипче е упорен да ги внесеме Бугарите во Уставот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицискиот лидер Венко Филипче е упорен да ги внесеме Бугарите во Уставот, но секоја отстапка на македонската влада без гаранции, може да оди до недоглед и Македонија повторно да остане надвор од ЕУ.

Дел од политичките аналитичари стојат на ставот дека европските принципи и меѓународното право мора да важат еднакво за сите држави, а не селективно и само кога станува збор за Македонија. Бугарите да се внесат во македонскиот Устав, а на Македонците во Бугарија се уште не им се признаваат основните човекови права. Оваа состојба се коси со меѓународното право, а гаранциите што ги бара Владата се природна реакција, подвлекува аналитичарот Самоил Малчевски.

Во однос на техничката влада за која исто така Филипче упорно инсистира да се одржи во живот, Малчевски вели дека е непотребна и бесполезна. Особено што минатата недела парламентарното собрание на Советот на Европа го призна одржливиот напредок на Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со нивните тела. За Малчевски нејасно е зошто лидерот на СДСМ се уште инсистира на овој модел.

Реклама

Внесувањето на Бугарите во Уставот е дел од обврските од т.н. француски предлог за продолжување на евроинтеграциите кој со широко отворени раце го прифати Влдата на СДСМ и ДУИ, додека експерите и тогаш предупредуваа дека прифаќањето на предлогот е голема грешка за Македонија. Владата останува на ставот – уставни измени нема да се случат, без јасни гаранции од официјална Софија дека нема да има нови блокади и дека ќе се почитуваат правата на Македонците во Бугарија.