Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Македонија

Тече вакцинација против сезонски грип

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Годинава државата обезбеди 70.000 бесплатни дози за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Годинава државата обезбеди 70.000 бесплатни дози за ризичните групи, а Центрите за јавно здравје располагаат со дополнителни количини за комерцијална употреба.

Бројките покажуваат дека има голема заинтересираност за вакцинирање, досега пријавени се околу 34 илјади граѓани. Дел од пациентите се вакцинираат прв пат оваа година и се надежни дека ќе се заштитат, но има и луѓе кои неколку години наназад редовно се имунизираат и велат дека вакцината е безбедна.

Интересот за имунизација  е најголем кај повозрасната популација односно кај лицата над 65 години и лицата со хронично заболување велат докторите. Тие апелираат за да се избегнат сериозните последици од грипот постарите лица да се вакцинираат.

Реклама

“Вакцината е добра, сигурно штити од компликации. Можеби нема да ги заштити да не се разболат од грип, меѓутоа ќе заштити од сериозни компликации, хоспитализации и несакан исход. Вакцината е четиритипна, содржи два типа на инфлуенца А и два типа на инфлуенца Б.” – рече доктор Цилевска Младеновска.

Право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи, повозрасните лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени ќе добијат смс-порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација.