Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work®

Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред. 

Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на вработените.

– Добивањето на овој сертификат по втор пат е особено значајно. Тоа не само што одразува кои сме, туку и како продолжуваме да растеме. Покажува дека нашата посветеност на слушање, подобрување и поддршка едни на други не е еднократно вложување, туку постојан приоритет. Ова признание им припаѓа на сите вработени. Тоа е изградено врз секојдневна посветеност, тимска работа, професионализам и почитта што ја покажуваме едни кон други. Тоа се одразува во начинот на кој ги управуваме нашите аеродроми, Меѓународниот Aеродром Скопje и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост, одговорност и грижа, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Реклама

Сара Луис-Кулин, потпретседател за глобалното признание во Great Place To Work®, вели дека сертификацијата Great Place To Work® е многу посакувано достигнување кое бара постојана посветеност на целокупното искуство на вработените. – Сертификацијата е единственото официјално признание што се добива врз основа на повратни информации од вработените во реално време за културата на нивната компанија, вели Луис-Кулин. 

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.