Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Таткото на судијата Ристов бил тој што им кажал на истражителите дека просторот каде се најдени парите го користел синот

И уште еден судски пресврт. Таткото на судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом беа пронајдени заѕиданите 350 илјади евра скриени во кујнски плочки, бил тој што им кажал на истражителите дека кујната ја користел неговиот син. Ова во судница го откри обвинителката Искра Хаџи-Василева, презентирајќи докази против Ристов, кој е обвинет за перење пари и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И уште еден судски пресврт. Таткото на судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом беа пронајдени заѕиданите 350 илјади евра скриени во кујнски плочки, бил тој што им кажал на истражителите дека кујната ја користел неговиот син.

Ова во судница го откри обвинителката Искра Хаџи-Василева, презентирајќи докази против Ристов, кој е обвинет за перење пари и прикривање имот. Во судницата беше пуштена снимка од претресот во куќата во Неготино, а на видеото се гледа како истражителите ги кршат плочките, по што откриваат шуплина со завиткани пакети во фолии. Кога го прашале таткото кој ги ставил таму, тој одговорил: „Најверојатно синот Ѓоко од Скопје“.

Обвинителката презентираше и докази дека Ристов во 2017 година уважил жалба на Љупчо Пецов и донел одлука во негова корист, а подоцна, како апелациски судија, одлучувал и во други предмети поврзани со Пецов, меѓу кои и за условен отпуст во 2021 година.

Реклама

Во судницата беа прикажани и снимки од средби меѓу поранешниот државен правобранител Фехми Стафа и судијата Ристов во скопска Апелација и пред зградата каде живее судијата. Стафа, кој како адвокат го застапувал Пецов, призна вина откако сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот го пријавила дека барал поткуп, тврдејќи дека парите биле наменети за судијата Ристов.