Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тарик Семси, по потекло од Жупа, во трка за советник во Општинскиот совет на Венеција

Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската етничка припадност, поточно од село Коџаџик – Центар Жупа, а живее во Италија, е кандидат за советник во општискиот совет на Венеција, што е прв Македонец и воопшто странец кој се нашол на кандидатска листа за советници во овој познат италијански град.

Дипломирал архитектура на престижниот универзитет во Венеција, оженет е и е татко на едно дете.

Во трката на локалните избори, што ќе се одржат на 24 и 25 мај, тој е на независната листа на кандидатот за градоначалник, Симоне Вентурини, познат адвокат, поддржан од италијанската десница.

Реклама

-Тарик е прекрасно и вредно момче. Со неговата подготвеност верувам дека ќе придонесе многу за градот Венеција и секако за многубројната македонска заедница, за нашите драги пријатели и сограѓани по потекло од Македонија. Искрено веќе го гледам како советник во 36-члениот совет,  рече кусо Вентурини.

Инаку, Тарик е син на познатиот бизнисмен во Италија, Мунир Шемси, по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа. Тој е познат филантроп, кој со донации помага како во Италија, уште повеќе во матичната земја. 

-Горд сум на мојот син и верувам во успех на изборите, со поддршка и на сите Македонци кои живеат во оваа општина. Убеден см дека ќе испишеме историја, бидејќи ова е првпат во историјата да влезе странец во Советот на градот Венеција, вели неговиот татко Мунир.

И нашинците кои живеат во Венеција сметаат дека Tарик заслужува да влезе во Советот и оти ќе биде одличен пример за идните генерации.