Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Таравари си заминува, оставката е само процедура

Оставката се поднесува до премиерот, а Владата ја препаќа до Собранието. Таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оставката се поднесува до премиерот, а Владата ја препаќа до Собранието. Таму само треба да биде констатирана, нема потреба од никакво гласање. Првиот човек на законодавниот дом, Африм Гаши, ја објаснува постапката откако министерот за здравство Арбен Таравари и официјално одлучи да оди во опозиција.

  • „Според Деловникот како што е предвидено, го чекаме предлогот од премиерот за да се констатира оставката, а потоа пристапуваме кон постапка за избор на нов министер , ова е хипотетичка ситуација“рече Гаши.

Претседателот на Собранието не сака да коментира колку пратеници од крилото на Алијанса ќе го напуштат мнозинството, вели дека засега нема никаква официјална информација.

  • Според моите информации, ќе има нова парламентарна група, како што знам пратениците од ВЛЕН имаат одлука за нов координатор, се надевам дека денеска или утре ќе биде официјално доставена до Собранието. Ќе биде доставена до сите пратеници на ВЛЕН, тие што ќе се потпишат ќе бидат дел од новата пратеничка група, тие што нема да се потпишат, тоа е нивно право“, појасни Гаши.

Владејачкото мнозинство во моментов официјално има 78 пратеници, а претставници од партиите на власт во повеќе наврати изјавија дека не само што нема да се намали туку е можно и да се зголеми.

Реклама

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари завчера одлучи да делува од опозиција и самостојно да настапи на претстојните локални избори.

Досегашниот министер за здравство најави дека тој самиот ќе поднесе оставка, а за останатите функционери рече дека очекува да бидат разрешени.