Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Таравари осамен заминува во прегратките на Ахмети: Четири пратеници на АА остануваат во власта

Арбен Таравари осамен заминува во прегратките на Али Ахмети. Четворица пратеници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари осамен заминува во прегратките на Али Ахмети. Четворица пратеници од неговото крило на Алијанса за Албанците ќе останат со коалицијата Вреди, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Според него ДУИ и Европскиот фронт не треба да сметаат дека ќе бидат засилени во коалицијата со решението на Таравари да оди во опозиција, бидејќи од пет министерот за здравство во заминување може да остане со само еден народен избраник.

-Ако тие мислат дека се комотни на тоа дека дел од пратениците на Алијанса на Албанците поминале кон фронтот се погрешни, бидејќи дел од нив ќе останат со Владата, но да се сигурни дека најмалку четири од пратениците што се денес во нивните редови ќе поминат во делот на владината коалиција, изјави Лимани.

Останува непознато дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе остане на својата позиција. Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити вели наредниов период ќе се разговара со него, по што ќе се знае дали тој ќе биде рарешен. Според него одлуката на Таравари е лична и е контра онаа на членството на Алијанса за Албанците.

Реклама

-Има донесено одлука која што кореспондира со членството и структурите на партијата, има видливи поделби, тие веќе ги гледаме секојдневно. Ова е лична одлука, од лични побуди и не корсепондира со волјата на членството посебно на Алијанса за Албанците, која што од своето формирање е антипод на ДУИ, изјави Меџити.

Членот на претседателството на Алијанса и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравство Сабри Азири, се спротистави на одлуката на партијата да излезе од Владата. На социјалните мрежи истакна дека на последниот состанок го повикал членството да му се придружат во продолжувањето на вистинскиот пат на Алијанса на Албанците. Пишува дека  народот и гласачите им го дале гласот за да ги претставуваат во најдобро светло, а не да ги изневерат.

-На последниот партиски состанок, пред највисоките партиски органи, јавно кажав: Кој мисли да дојде со мене за заедно да продолжиме да ја водиме Алијансата за Албанците во правец за кој мандат ни дадоа гласачите – повелете да одиме напред! Кој има поинаква замисла – нека си продолжи по друг пат! Јас и таквите како мене нема да дозволиме уште еднаш да се делиме ниту да ја предадеме Алијансата за Албанците во туѓи прегратки!, пишува Азири.

Министерот за здравство најави, дека тој ќе поднесе оставка, а очекува останатите функционери од неговата партија да бидат разрешени.

Матеја Петровски