Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Таравари како да не знае што сака: се заканува за напуштање на Владата, но размислува и за заеднички листи со СДСМ и ДУИ

Малку сака па малку не сака во Влада. Се заканија дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малку сака па малку не сака во Влада. Се заканија дека ќе ја напуштат владината коалиција, ама може на избори да одат на заеднички листи со ДУИ и СДСМ. Партијата на Таравари очигледно не знае што сака.

Алијанса на Албанците, откако пред само неколку дена рекоа дека размислуваат да го напуштат политичкиот брак со Ахмети и Ковачевски, сега размислувале за можноста со нив заеднички да настапат на претстојните избори. Првиот човек на партијата призна дека се разговара за оваа тема и посочи дека истата не е затворена.

Разговаравме за опцијата да одиме заедно на избори, со една изборна листа. Но, искрено јас сметам дека во моментов е малку проблематично за нас како партија да бидеме со ДУИ на една листа, но никако не го затвораме тоа како прашање. Ќе направиме анализа, ќе разговараме со членството и следната недела ќе донесеме одлука, рече Таравари.

Реклама

Но во истото гостување каде што го најавува ова, тој повторно се закани дека можеби ќе ја напуштеле владат ако не поминат уставните измени.

Ние влеговме во Влада со една цел, да помогнеме на мнозинството на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Ние станавме дел од Владата за да помогнеме да се соберат 2/3 од пратениците и да се изгласаат уставните измени. Ако тоа не се случи, тогаш ќе го свикаме централното раководство и ќе одлучиме што понатаму, дали ќе продолжиме со ова мнозинство или ќе одиме во опозиција, вели Таравари.

Прашањето е што сака всушност Алијанса? Дали Таравари навистина сака да замине од колаицијата со ДУИ и СДСМ, но внатрешното крило кое е блиско до поранешниот претседател на партијата Села, не дозволува или пак Таравари дава вакви изјави за да добие поголема сила во коалицијата, оти без нив Владата ќе нема ни просто мнозинство.

Но јасно е дека можеби токму партијата на Таравари ќе биде единствената сламка за спас, за на идните избори поразот на СДСМ и ДУИ, ако одат на заеднички листи, не биде толку катастрофален. Според анкетите дури и Алијанса да остане со партиите од Мала Речица и Бихаќа, сепак новата влада би ја формирале ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот опозициски блок, однонсо Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Според дел од аналитичарите, поразот на сегашната влада е сепоизвесен, но доколку со заеднички листи одат АА, ДУИ и СДСМ, најголем губитник би биле социјал-демократите,заради добитните места на листите, бидејќи Таравари и Ахмети ќе бараат добитни позиции, а тие позиции ќе треба да бидат дадени , односно одземени од СДСМ, со таквата политка, социјал-демократите ќе останат со малку нивни пратеници во собранието, а на идните избори, Ковачевски би можел да се соочи и со сценарио каде би ја довижеал судбината на Шекеринска од 2008 година.