Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.

“Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“,рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.

Посочи дека инспекции се вршат и во двете болници каде што било прегледувано и примено бебето.

Реклама

Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот.