Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Таравари го обелодени планот за ресет на македонското здравство. Објавен тендерот за нови компресори

Решавање на проблемот со хирушките сали, решавање на проблемот со кадар, ревизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решавање на проблемот со хирушките сали, решавање на проблемот со кадар, ревизија на работењето од претходно – новиот минстер ќе се справува со бројните проблеми во здравствениот систем. Министерот за здравство Арбен Таравари најавува целосен ресет на здравството за решавање на проблемите на пациентите и на медицинарите.

Новиот минстер започна со решавање на најгорливиот проблем во моментов – објавен е тендер за поправка на компресорите кои не работат во хирушките сали. Рокот на тендерот е најдоцна до крајот на декември, но од министерството ќе инсистираат салите во Клинички што е можно побрзо да бидат во функција.

„Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар“.

Реклама

Приоритет на новиот министер ќе биде борбата со дефицитот на кадар. Проблемот со специјализантите кои го кренаа гласот непосредно пред изборите поради нивниот нерешен статус, останува на Таравари да го реши.  Најави средба со нив за да се најде победничко решение, едниот предлог е на првиватните специјализанти да им се даде решение за работа и тие да ги пополнат местата што се дефицитарни.

Мора да договориме дали ќе изнајдеме решение кое ќе биде вин-вин решение за сите. Да им дадеме решение за работа, а тие да работат или каде што сакаат или каде има дефицит, со цел тие места каде недостасува кадар да бидат пополнети со овие колеги. Но, секако треба да се сретнеме и после тоа ќе излеземе со заедничка изјава. Од септември мора со деканот на Медицинскиот факултет да направиме стратегија со која одредени специјализации ќе бидат во мораторум. Размислуваме и за начин за мотивација на помладите доктори да одат на анестезиологија, радиологија, педијатрија, гинекологија и други сектори во кои ни недостасуваат специјалисти“, рече Таравари

Разрешувањето на економските директори е само првиот чекор во реорганизацијата на здравствениот систем. Законот со кој се укинуваат организициските места ќе се најде на утрешната владина седница.  Дополнително, се планира завршување на иницијативата сите клиники да функционираат во еден клинички центар. Таравари ќе работи на модернизација и дигитализација на здравството. На брифингот со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова позитивна листа на лекови, а се работи и на нов закон за лекови.  Со дигитализацијата на целото здравство, ќе се намали времето на чекање за резултати,  а со тоа ќе се спречат и можни малверзации со лекови.