Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Економија

Tрошоците за живот се зголемени за 20 проценти – Најголем пораст на цени има кај храната од речиси 30 проценти

Државна статистика измери дека трошоците на живот пораснале за 19,5 отсто за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државна статистика измери дека трошоците на живот пораснале за 19,5 отсто за една година. Најголемо поскапување има кај храната од речиси 30 отсто.  Комуналиите поскапеле за 20 отсо, а угостителските услуги за 21.3 % .

 Поскапување на трошоците на живот во однос на 2021

Реклама

 Храна и безалкохолни пијалоци  29. 8  %

 Комуналии                                          20 %

 Угостителски услуги                          21.3 %

Транспорт                                              16. 5%

                                                                 

  Во однос на минатата година според ДЗС, забележано е огромно поскапување кај прехранбените произвоти.  Лебот и житните производи поскапеле за  42.5 отсто , месото за речиси 30 проценти, млекото сирењето и јајцата за скоро 40 отсто , а маслото исто така за 40 отсто

Леб и жито                                   42.5 %

Месо                                               29.1 %

Млеко, сирење и јајца                39.3 %

Масла и масти                               30. 8 %

                                                                 

Иако Владата  очекуваше значителен пад на цените на производите откако ја ограничи маржата, сликата на терен , судејќи според ставовите на граѓаните е поинаква . Велат, има многу мали незначителни намалувања, а на одредени места дури и воопшто цените не се променети, намалувањата биле само добар пиар за пред јавност .

Дека живеачката е се поскапа потврдуваат и пресметките на синдикатите. Во Ноември за едно просечно четиричлено семејство да ги задоволи основните потреби требаат 51.714 денари. Според синдикалната кошничка, само за храна во Македонија се трошат 19.518 денари.

Кристина Алексиеска