Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Свет

СЗО воведува мерки за штедење поради повлекувањето на САД

Светската здравствена организација (СЗО) донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светската здравствена организација (СЗО) донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот.

„Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“.

Тој истакна дека одлуката на САД дополнително ја влошила финансиската состојба на организацијата и предизвикала значителна загриженост и несигурност меѓу вработените.

Реклама

Инаку, дека САД ќе се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) на 22 јануари 2026 година, соопштија Обединетите нации откако беа официјално известени за одлуката од претседателот Доналд Трамп. Тој ја обвини организацијата за лошо справување со пандемијата на Ковид-19 и други глобални здравствени кризи.

Трамп ја најави одлуката во понеделникот, неколку часа откако положи заклетва за втор мандат. СЗО изрази жалење за одлуката на САД, кои се најголем донатор на организацијата, со учество од околу 18 отсто од нејзиното финансирање.

Согласно заедничка резолуција на Конгресот од 1948 година, САД мора да достават претходно известување од една година за повлекување и да ги подмират финансиските обврски кон СЗО.

– Можам да потврдам дека го примивме писмото од САД за повлекување од СЗО. Повлекувањето стапува во сила на 22 јануари 2026 година, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Според наредбата за повлекување, администрацијата ќе ги прекине преговорите за пандемискиот договор на СЗО, ќе го повлече американскиот персонал што соработува со организацијата и ќе бара нови партнери за активности поврзани со здравствените кризи.