Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Свет

СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани

Светската здравствена организација (СЗО) денеска истакна дека обезбедува клучни услуги кои ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светската здравствена организација (СЗО) денеска истакна дека обезбедува клучни услуги кои ги заштитуваат САД од здравствени закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече земјата од оваа агенција на Обединетите нации.

СЗО ги заштитува САД преку софистициран здравствен разузнавачки систем кој работи на откривање, карактеризирање и проценка на заканите во реално време, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, пред новинарите во Женева.

Претходно денеска СЗО донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот.

Реклама

„Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“.

Тој истакна дека одлуката на САД дополнително ја влошила финансиската состојба на организацијата и предизвикала значителна загриженост и несигурност меѓу вработените.