Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

СВР Тетово: Приведен тетовец, под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да изврши разбојништво

Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава.  Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници  го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. ​При преглед кај него бил […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава. 

Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници  го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. ​При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.

Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителскиот објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво. Според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата. После тоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​ Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.