Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Светски ден за безбедност и здравје при работа

Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. 

Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети во оваа област. Се спроведува од Меѓународната организација на трудот (МОТ), со финансиска поддршка од Европската Унија и ќе трае до октомври 2028 година.

Подигнување на јавната свест за важноста на безбедните и здрави услови за работа како предуслов за достоинствен труд, поголема продуктивност и одржлив економски развој, е едни од клучните пораки на проектот, кој има за цел да придонесе кон современа и превентивна национална рамка за безбедност и здравје при работа, усогласена со стандардите на МОТ и ЕУ.

Реклама

Во рамки на настанот предвидени се обраќања од претставници на институциите, Европската Унија, МОТ, работодавачите, синдикатите и Советот за безбедност и здравје при работа, како и стручни излагања и работилница посветени на психосоцијалните аспекти на работата, стресот и менталното здравје на работниците, како и на потребата од создавање здрави психосоцијални работни средини.