Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Светот се збогува со папата Франциск – околу 50 претседатели на држави во Ватикан, меѓу нив и Сиљановска Давкова

Плоштадот Свети Петар денеска исполнет со тишина, жалост, солзи и молитви. Десетици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плоштадот Свети Петар денеска исполнет со тишина, жалост, солзи и молитви. Десетици илјади луѓе од сите делови на светот се собраа во Ватикан за да ја оддадат последната почит на Папата Франциск, првиот латино-американски папа кој на светата столица беше 12 години. Ќе остане запаметен како Папа кој ги стави сиромашните на прво место и ја водеше Црквата со отворено срце. Над 150.000 луѓе го исполнија Плоштадот. Меѓу нив присуствуваа и светските лидери Трамп, Макрон и украинскиот претседател Зеленски. Претседателот на САД, кој има долгогодишна врска со Католичката црква, беше меѓу првите кои ги оддадоа своите почести.

„Јас ја освоив католичката поддршка, и мислам дека ова е прв пат кога републиканец ја освои таа поддршка. Ја добив поддршката со голема разлика, и имам одлична врска со католиците“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

На погребот на потифот присуствуваа 164 делегации на светски лидери и претставници на кралски семејства, меѓу нив е и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Деканот на Колегиумот на кардинали, Џовани Батиста Ре, кој ја водеше светата миса и ја исполни последната желба на папата за скромно и достоинствено испраќање, ја истакна неговата непоколеблива посветеност кон мирот и правдата. Спомена и за неговата постојана борба за мир и за неговата безусловна посветеност на најранливите, особено во време на глобални конфликти и човечки страдања.

Реклама

„Папа Франциск беше човек на мир и понизност, кој ја водеше Црквата не само како духовен водач, туку и како човек што се грижи за најсиромашните. Неговото заминување е огромна загуба за светот, но неговото наследство ќе продолжи да влијае на Црквата и светот”, изјави Џовани Батиста Ре, декан на Колегиумот на кардинали.

Во поголемиот дел од светот, Папа Франциск беше љубен како човек кој сакаше да ја трансформира Црквата и да ги заштити најранливите. Од неговите постојани повици за мир до жестоката борба за правата на сиромашните, неговото наследство ќе живее долго. И додека светските лидери беа во Рим, илјадници верници од цел свет го оплакуваа Папата во своите локални цркви. Во Париз, во Нотр Дам, христијаните се собраа на миса, вклучувајќи и многу луѓе кои го доживеаја Папата како човек кој беше близок до сите.

„Тој беше следбеник на Христос, скромен, близок до луѓето, со силен карактер, кој ја потврди верата на Црквата, но секогаш со човечност“.

„Плачев многу. Јас сум голем верник, и кога дознав во утринските часови, бев во црква и плачев без престан. Како и тој, многу сум приврзана за Богородица, и бидејќи и тој беше многу поврзан со неа, го сакам уште повеќе.“

По церемонијата во Рим, ковчегот на Папата е пренесен до црквата „Санта Марија Маџоре“, тука ќе биде и погребан. Неговото заминување е загуба не само за Црквата, туку и за светот кој го гледа како симбол на надеж и отвореност. Папа Франциск беше повеќе од духовен лидер, тој беше човек кој ја поттикнуваше хуманоста и правдата. Во Ватикан ќе продолжи собирот на 135-те кардинали, чијашто конклава за избор на нов папа најверојатно ќе почне на 5-ти мај.