Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Свет

Светот ја дочека Новата година весело и со огномет од Сиднеј до Лондон

Со спектакуларни огномети, концерти, одбројување и весела атмосфера беше прославена новата 2020…

Сподели:

Со спектакуларни огномети, концерти, одбројување и весела атмосфера беше прославена новата 2020 година ширум светот. На Балканот илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на плоштадите во Белград, Приштина, Тирана, Атина и Истанбул.Европјаните најспектакуларно влегоа во новата декада во Лондон, под обоеното небо над Биг Бен, со велосипеди под Триумфалната порта и на Елисејските полиња во Париз, под атинскиот Партенон, пред московскиот Кремљ, кај Бранденбуршката порта во Берлин. Во Рим, папата Франциско беше пречекан од граѓани и туристи на плоштадот „Свети Петар“, со извици „Папа, папа“ и „Среќна Нова година“.

Русија влезе во Новата година со обраќање на претседателот Владимир Путин, кој ги повика граѓаните да работат заедно следната година. Единствената работа што недостасуваше на оваа новогодишна ноќ, што е вообичаена слика за Москва, е снежната покривка – последица на многу топол декември во руската престолнина.
Њујоршкиот Тајмс сквер и годинава беше местото каде можеше да се види една од најспектакуларните новогодишни прослави во светот.

Во многу делови од светот новата година почна многу порано. Први, ја пречекаа луѓето во Апиа, главниот град на Самоа. Еден час подоцна 2020 година стигна и во Нов Зеланд. Во најголемиот град, Оукленд, огнометот го осветли Харбур Бриџ.

Реклама

За разлика од Нов Зеланд, огнометот во Сиднеј, Австралија, беше спорен. Но, и покрај големите пожари во земјата, сепак граѓаните уживаа во огномет кој траеше цели 12 минути.А на големата прослава знамињата беа на половина копје во знак на сеќавање на жртвите од пожарите.По Австралија, Новата година ја пречекаа азиските земји.

Во Јапонија граѓаните ѕвонеа во будистичките храмови за да ја прослават Новата година во согласност со јапонската традиција, во Пјонгјанг, имаше голем огномет.Во Пекинг акцентот беше на спектакуларниот музичко-актерски перформанс кој го засени дури и огнометот.
Илјадници луѓе во Хонг Конг ја дочекаа 2020 година на пристаништето Викторија, со уште еден протест поради спорниот закон за екстрадиција, затоа властите го откажаа традиционалниот новогодишен огномет, плашејќи се од неред за време на најавените протести.
Протести за новогодишната ноќ имаше и во Индија, каде илјадници луѓе протестираа против контроверзниот закон за државјенство.Милиони бразилци дочекот на Новата година го поминаа на плажа, а со тоа Рио де Жанеиро,ја имаше една од најголемите новогодишни прослави на светот.И на Новогодишната ноќ и во првиот ден од новата декада во Багдад, Ирак продолжија насилните протести пред Американската амбасада.

Ања Василева