Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Сведоштво на Душица Милевска сместена во карантин:Сместени сме во поплавени купатила, со мравки во собите

Недезинфицирано, стари и неиспрани постелнини, мравки во собите, прашина до гуша, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недезинфицирано, стари и неиспрани постелнини, мравки во собите, прашина до гуша, и поплавено купатило…ова се само дел од мизерните услови во кој бројни Македонци го живеат 14 дневниот државен карантин. Меѓу нив е Душица Милевска, која за Алфа ја раскажа голготата за нејзиното пристигнување во својата татковина  и нејзиното досегашно искуство во еден од хотелите на Попова Шапка.

Освен за “ужасните” услови како што ги нарекува Милевска, таа се пожали и за тоа дека во двокреветни соби се сместувале и по повеќе луѓе – што е спротивно од препораките. Таа се спротивставила и одбила да биде сместена во соба со непознати луѓе, па од надлежните таму добила одговор за подобри услови да си бара “врски” од владата.

За жал не е само Милевска, социјалните мрежи вријат – за лошите услови во државниот карантин.

Реклама

Дојдовме во хотелов „карантин“, каде сеуште никој не ни проверил температура, или нè тестирал, или ни ги погледнал лекарските уверенија од бродските. Ни дадоа соби, некои по двајца, некои по тројца во соба како на екскурзија а не во карантин.” – пишува на фејсбук велешанецот Бошко Јованов.

“Карантин во хотел во Охрид, триојца во една соба со два кревета?! Да да, баш така… Без да ти обезбеди основни услови за изолација од ваков тип нашата татковина насилнички ќе ни објасни како се прави тоа.”пишува Александар Менков.

Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести, како да сме сите болни, никој несакаше ни оддалеку да разговара со нас. Што сме ние за нашата држава?” – пишува Маја Наков на социјалните мрежи.

Откако почна кризата, а земјите во Европа и регионот ги затворија границите, со помош на МНР во земјава се вратиле околу 4.500 граѓани.

Ања Василева