Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Сведочење на судењето за Кочани: Приватното обезбедување морало да реагира за малолетниците

Повеќе деца од изгорената дискотека во Кочани, денеска можеби ќе беа живи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе деца од изгорената дискотека во Кочани, денеска можеби ќе беа живи, ако обезбедувањето во кобната ноќ реагирало соодветно и спречило влез на малолети лица. Оние кои го обезбедувале влезот на  дискотeката биле обврзани да го известат сопственикот дека во клубот има лица помали од 18 години, а тој пак требало да обезбеди табли на видно место, на кои јасно ќе стои дека им е забранет влез.

Денешното рочиште од судењето за трагедијата во Кочани продолжи со прашања на обвинителството до претседателката на Комората на Македонија за приватно обезбедување. Стефановска ги објаснуваше овласувањата кои ги имаат работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти.

„Со оглед на фактот дека конкретно во такви објекти мора да има и други закони, на видно место поставени табли кои предупредуваат дека не е дозволено присуство на малолетници, обезбедувањето морало да реагира или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот“, изјави Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување

Реклама

Милевска-Стефановска на прашањата на обвинителот појасни дека МВР издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми, а физичкото обезбедување опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување на јавни собири и спортски настани. Само во случај кога се ангажирани пет или повеќе работници, правното лице што ја дава услугата мора да изработи план за обезбедување и да го поднесе до полициската станица на чие подрачје се одржува настанот.

Во Законот не постојат точно пропишани правила за бројот на работници што треба да се ангажираат, туку тоа е предмет на договорна услуга во зависност од видот на објектот и безбедносната процена“, изјави Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување

На прашањето дали употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик, Стефановска одговори потврдно, но судијката не дозволи дополнително прашање за тоа дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација. Според досегашните наводи, токму искрите од пиротехничките средства биле причина за брзото ширење на огнот во дискотеката. Обвинети се 58 лица, а досега беа сослушани десетици сведоци. Меѓу обвинетите е и поранешниот градоначалник на Кочани, Папазов, за кого обвинителството го одби барањето, домашниот притвор, му биде заменет со мерки за претпазливост.