Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Суви чешми, скапи совети – Мерко на стружани им порача сами да си купат хидрофори

Шеснаесет години удобно сместен во градоначалничката фотеља, Рамиз Мерко со прст не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеснаесет години удобно сместен во градоначалничката фотеља, Рамиз Мерко со прст не мрда да се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето, за сега да им продава памет на стружани. Ако сакале да имаат вода, да си набавеле хидрофори.Ова дополнително ги разгневи присутните на состанокот на Советот за превенција,кој помина без присуство на медиумите, бидејќи не беа информирани.

“Градоначалникот ни рече да си набавиме хидрофор или да чекаме да заврне. Прво тоа чини најмалку 2000 евра,пари кои треба да ги вложиме за да имаме вода што ја плаќаме. Нека стават од Водовод на нивна сметка. ”-пишуваат стружани на социјалните мрежи.

  Откако мудрувал на состанокот,Мерко мртов ладен отишол да промовира противпожарно возило со скали, фотографирајќи се зад воланот,насмеан од уво до уво.На првиот човек на струшки “Водовод” на кому пак уште му е лето,му било страв стружани да не го испијат езерото.Затоа не постапувал по примерот на  Охрид,каде потребите од водоснабдување меѓудругото,се задоволуваат и со испумпување на вода од Охридско.

Реклама

Не можеме да речеме дека не е сеуште лето, пошто сеуште е лето изворите ми се празни.Ако немам рестрикции стварно нема да има градот вода да не се лажеме дека можело од езеро.Не може да се земе од езеро вода да падне нивото на езерото пошто знаете дека Унеско нема да дозволи такво нешто. Ова е голем проект во кој што мора државата да постапи и општината, јас сам не сум способен да го завршам тоа.Не е моја надлежност, не можам  вели Дашмир Насуфи,директор на Ј.П.Водовод “

Освен по неспособноста да се справат со тековните проблеми ова претпријатие е познато и по превработеност,недомаќинско работење, расфрлањето со пари и големите долгови кои ги таложи во континуитет-реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

“Неспособноста се воочува со тоа што претпријатието признава дека успева да наплати нешто над 30% од вкупната пуштена вода во системот, нема пријава ниту за една хаварија на системот за снабдување од трети лица, ниту има пријавено каква било кражба на вода или нејзино нерационално користење. Само во последниот мандат на овој состав на локалната самоуправа, “Водовод”  има генерирано долгови во висина над 2.500.000 евра” велат ВМРО ДПМНЕ –Струга.

И додека од Водовод уверуваат дека од идната недела ќе почнеле да ги менуваат азбесните цевки за барем малку да се подобри водоснабдувањето, стружани кои живеат на погорните катови и денес немале вода.На цела мака,ним единствено не им недостасува хумор:вода има,ама чешмите имале проблем со простатата, затоа ќе излеземе на дождот да се бањаме-пишуваат шеговитите стружани.