Реклама
Македонија

Судскиот совет да ги казнува оние сметаат дека се над законот, порака од амбасадорите

Судскиот совет треба да работи според законот и да ги казнува оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет треба да работи според законот и да ги казнува оние кои мисат дека се над него. Да се следат препораките на Оценската мисија бидејќи довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска. Ова се пораките на амбасадорите за највисокото судско тело кое доби 40-тина препораки за спроведување од Оценската мисија на Европската унија.  

  • Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат“, рече Агелер.

Ние ви обезбедуваме финансиска и техничка поддршка, а вие треба да спроведувате реформи, порача холандскиот амбасадор кој поради незаконските постапувања во Судскиот совет лани времено го стопираше проектот тежок речиси милион евра.

  • „Како што е случај во мојата земја, 80% му веруваат на судскиот систем, а тука само 8%. Ова е загрижувачки низок процент кој треба да се промени и тоа брзо“ рече Дирк Јан Коп – амбасадор на Холандија.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир порача дека напредокот на владеењето на правото е клучен во евроинтегративниот пат.  

Реклама
  • Да ги заштитиме принципите кои се основа на владеењето на правото: интегритет, профисионализам и независноста, и да транспарентност. Не сте сами, ЕУ и нејзините земји членки се тука да ви помогнат како и да можеме“ рече Дејвид Гир – евроамбасадор.

Според претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, секоја одговорност има име и презиме и не може да биде колективна, а бара да се почитува Уставот доколку дојде до распуштање на највисокото судско тело со кое таа раководи.

  • Како правник пред сѐ, не ја поддржувам тезата на колективна одговорност, сепак мојот личен став е дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана. Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично“, рече Дамева.

Беса Адеми, претседателката на Врховниот суд, потсети дека го критикуваше Судскиот совет кога се најде на дисциплинска постапка бидејќи јавно откри оти врховните судии трпеле притисоци и влијанија.

  • „На важноста на препораките во кои се изразуваше загриженост за состојбите во правосудствоот укажував и за време на турбулентниот период низ кој поминуваше СС, но и при мојата јавна одбрана при која нагласив дека исходот од мојот случај пред Советот ќе ја одреди иднинаната на македонското судство “ рече Беса Адеми – претседател на Врховниот суд.

По незаконското постапувања и унапредување на судии од Судскиот совет, Европската Унија испрати оценска мисија која даде 40 препораки за реформа на највисокото судско тело. 17 од нив беа директни за спроведување од Судскиот совет, а 13 со законски измени.