Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Судски совет и натаму функционира во нецелосен состав

Две столчиња во Судскиот Совет остануваат празни. Постоечките членови го одложија утврдувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две столчиња во Судскиот Совет остануваат празни. Постоечките членови го одложија утврдувањето на кандидтите кои треба да им се придружат од Врховниот и од битолскиот Апелиционен суд.

Советот на денешната седница не беше во полн состав, што беше една од причините, но и новите законски измени кои се подготвуваат во Правда.

  • „Значи тројца судии не се во можност да го изразат мислење по однос на ова прашање и апсолутно би било добро да сме во полн состав“рече Ивица Николовски, – член на Судскиот Совет.
  • „Одлуката ние ќе ја донесеме тука, а што мисли Комисијата таму тоа е сосема друга работа. Јас не сум била долго време таму поради обрските во Советот, но тие размислувања се за нешто што ќе биде идно законско решение“ рече Антоанета Димовскачлен на Судскиот Совет.

И изборот на поротници за Основните судови во Струмица и Кавадарци е одложен за по изборите. Како што беше посочено од дел од членовите, требало да се земе предвид реакцијата на јавноста и одлуката на Антикорупционерите за вработувањата на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители во изборен период.

Реклама
  • „Иако мнозинството смета дека нема пречки да се бира поротници па дури и судии, меѓутоа видовме како во јавноста сето тоа се примаше и како реагираше ДКСК“посочи Тања Чачарова Илиевска – член на Судски Совет.
  • „По ова прашање ставовите се различни, јас го делат ставот на судијата Антоанета, бидејќи не може во изборен процес да се избираат поротници, и да не дискутираме, сме дискутирале многу“ – рече Весна Дамева – Претседател на Судски Совет.

Претседателката на Судскиот совет, посочи дека и двете точки ќе ги стави на гласање на наредната седница, бидејќи не требало да се одолговлекуваат.

Судскиот Совет е без двајца членови откако лани во јуни, судијката Мирјана Радевска-Стефкова од Врховен си поднесе оставка, а Мери Радева се пензионираше годинава.

Како што наведе тогаш, Радевска-Стефкова не сакала да биде дел од највисокото судско тело бидејќи постапувало незаконски при разрешување на Весна Дамева од претседателската функција, а причини да си заминат било и нетранспаретно одлучување.